20. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Потребен е масовен организиран отпор за секоја жртва на институционално овозможеното насилие

Во интервју за порталот Рацин.мк, професорката и потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска порача дека младите не треба да бидат апатични, туку дека треба да го кренат својот глас.

„Манипулативните политичари обожаваат апатични апстинентни гласачи. Тие и такви политичари, се плашат од критички настроени умови и голем дел од својата енергија ја вложуваат токму во пасивизирање на мислечките луѓе во едно општество. Се со цел, од послушниците да создадат верна партиска војска, која ќе работи за нивните тесни и лични интереси. Бидејќи младите се свесни, верувам дека нема да се откажат од својот природен пркос против сето она што не им се допаѓа. Мислам дека оваа власт се потпира на идејата да предизвика што е можно поголема апатија кај младите. Но, верувам дека тоа нема да ѝ успее“ порача Чупеска.

Таа додаде и дека е потребен масовен организиран отпор за сите последни случувања кои се на штета на граѓаните.

„За вакви состојби и секојдневни трагични „социјални погибии“, потребен е масовен и организиран отпор. За Кочани, за Трубарево, за Фросина, за Росица, … за секоја жртва на институционално овозможеното насилие“

Извор: Рацин.мк

Можеби ќе ве интересира

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

C +

Граѓаните немаат партнер во оваа власт, мора да се бориме за заедничкиот дом, вели професорката Чупеска

C +

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

C +