19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ги повикувам пензионерите да аплицираат за помош и поддршка од стручни лица во домашни услови

Општина Центар и оваа година обезбедува директна помош и поддршка за пензионерите преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“. Услугата подразбира помош од негуватели и физиотерапевти во секојдневните активности: одржување на мобилноста, лична хигиена, пазарење, набавка на лекови и други потреби, со цел животот на пензионерите да биде полесен и достоинствен.

„Со овој проект ги покриваме потребите на 90 повозрасни сограѓани и имаме одлични резултати. Корисниците се презадоволни, во тоа и лично се уверив во разговорите со нив. Ова е наша трајна обврска кон оние кои го изградија Центар“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

На јавниот повик може да се пријават сите жители на Општина Центар постари од 62 години кои имаат потреба од помош во секојдневните активности и се корисници на пензија или социјална помош со месечен приход до 35.000 денари. За пријавување потребни се копија од лична карта, потврда за пензија или социјална помош и медицинска документација не постара од една година. Пријавите се поднесуваат во Архивата на Општината, а повикот е отворен до исцрпување на средствата.

Градоначалникот Герасимовски најави дополнителни мерки за поддршка на пензионерите во наредната година, вклучувајќи изградба на современ старски дом и двојно зголемување на еднократната финансиска помош.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?p=26320

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +