15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Безбедносните служби не се играчка: Филипче го предупредува Мицкоски да престане да ја злоупотребува државата за политичка драма

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес остро реагираше на обидот на премиерот Христијан Мицкоски да ја искористи трагедијата во Трубарево за, како што рече, „пи-ар драмолетка со хибриден напад“.

„Ниту еден премиер досега не се осмелил вака неосновано да манипулира со теми од безбедносната сфера. Да вовлекува странски центри на моќ, хибридни сценарија, а да не преземе буквално ништо институционално – тоа е не само несериозно, туку и крајно опасно,“ предупреди Филипче.

Според него, ако навистина постоеше закана од странски сили, Владата имала обврска веднаш да го свика Советот за безбедност, да го алармира НАТО, да ја мобилизира Армијата и безбедносните служби. „Ништо од тоа не видовме. Наместо реакција, гледаме само сценарио за одвлекување на вниманието од реалниот проблем – хаосот во институциите и потполната неспособност да се справат со последиците од пожарот во Трубарево,“ рече тој.

Филипче укажа дека ваквото однесување е доказ за дилетантско водење на државата. „Секојпат кога ќе има проблем, вината се префрла на замислени непријатели. Еднаш се дронови, другпат странски служби, трети пат хибридни напади. А граѓаните се оставени сами, без информации, без заштита, без надеж,“ изјави тој.

Ова не е прв пат премиерот Мицкоски да посегне по безбедносна терминологија за дневнополитичка корист. Но, како што предупредуваат експертите, злоупотребата на државните институции во служба на пи-арот, претставува длабоко поткопување на довербата во системот и дополнителна дестабилизација на општеството.

„Ако веќе владата нема решенија, барем нека престане да создава лажни приказни. Државата не е театар, а народот не е публика за евтини политички претстави,“ заклучи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите, ова е преседан

C +

Костова за Фактор.мк: Граѓаните живеат тешко, ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да им помогнат

C +

Филипче: Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата

C +