Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Скопје гори, Изет се чешла!

Соопштение на ДУИ – интегрален текст:

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го зафати главниот град по пожарот во скопската населба Трубарево, додека портпаролот на Мицкоски, Изет Меџити, наместо да се занимава со својата должност и заштитата на јавното здравје, се појавува на партиски активности и води изборна кампања.

Парадоксално е тоа што токму Министерството за животна средина, предводено од Меџити, е институцијата што издава дозволи за работа на вакви објекти и има обврска да врши контрола врз нив. Вчера, кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, Изет ги затвори очите пред сопствената одговорност и, како и секогаш, се обиде да најде дежурен виновник во ДУИ.

Ова е истото однесување што Меџити го покажува и во минатото: за урбаниот хаос што го создаде во Чаир повеќе од две децении, за „еколошката бомба“ во Скопје и за секој друг неуспех, тој секогаш се обидува вината да им ја префрли на другите.

Јавно го прашуваме уште еднаш г. Меџити: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, во Штип и во другите градови на источна и југоисточна Македонија? Дали и таму виновна е ДУИ?

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, секојдневно сами го ризикуваме животот поради непочитување на сообраќајните правила и прописи

ДЕСК

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК