6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Шукова: Скопјани се гушат од Вардариште а Орце и ДПМНЕ не презамаат ништо, СДСМ има решение

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје

Скопје повторно се гуши.

Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје.

Покрај сите наши предупредувања, апели за итна институцинална реакција и нудење конкретно решение. Покрај бурните реакции и протести на граѓаните, власта на ВМРО- ДПМНЕ бесрамно молчи и ништо не превзема!

Како ВМРО-ДПМНЕ да се подбива со граѓаните кои бараат право на живот, на чист воздух и здрава животна средина.

Најголеми виновници за загушеното и задушено Скопје се Мицкоски и неговите градоначалници, Ѓорѓиевски и Арсовска.

Немаат ниту знаење, ниту решение, ниту пак волја нешто да преземат.

Над 150.000 граѓани се трујат 4 години во континуитет поради нив.

Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност!

СДСМ има конкретно и издржано решение за Вардариште:

-Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со пристап само за комунална хигиена.

-24-часовно физичко обезбедување за превенција од палење на отпадот.

-На подолг рок: изградба на нова претоварна станица по сите европски стандарди и воведување систем за управување со отпадот. Од собирање до селекција и финално депонирање во Дрисла.

Бидејќи Советот на Град Скопје каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ исто така молчи, преку советничката група на СДСМ ќе бараме итно свикување на седница на советот на Град Скопје за Вардариште.

Не може советот да биде на страна а скопјани да се гушат, тоа е недозволиво.

Мора службите на градот да добијат задача за итно надминување на проблемот со горење на отпадот во Вардариште.

Скопјани повеќе немаат време за чекање и лажни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје бара чист воздух!

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +