Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ПОВОЗРАСНИТЕ СЕ НА МЕТА: Уште една измама со лажна сообраќајка, битолчанка измамена за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари

На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето.

Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

ДЕСК

Два инциденти во Чаир каде настрадаа малолетници

ДЕСК

МВР со детали за смртта на осуденикот од “27-ми април” Му се влошила состојбата, па бил пренесен во клиника каде и починал

ДЕСК