25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, Албанците се срамат од нив – ДУИ се криминалот и корупцијата кои се поразени

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Бујар Османи и ДУИ повторно ги извртуваат тезите. Албанците не биле и не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да се прикажува како единствен претставник на Албанците. Волјата на граѓаните, Македонци, Албанци и сите други – јасно покажа дека криминалната структура на Али, Артан и Бујар припаѓа на буништето на историјата.

Зошто да не може аргументирано да се соголува криминалот на ДУИ?

Дали тоа е забрането?

Значи ли тоа дека за Бујар, Али, Заев, Филипче и другите корумпирани колеги важат други правила – дека ним сè им е дозволено?

Тие што така мислеа, денеска се таму каде што им е местото, во опозиција.

Кога ДУИ се фатени во криминал и корупција, тоа не е напад врз Албанците, туку разобличување на мафијашката мрежа која ја користеше етничката карта како параван.

Јасно е: криминалот не се исплати повеќе!

Следува одговорност!

Народот избра промени и еднаквост, а не корупција и клиентелизам.

ДУИ може да се крие зад етнички знамиња, но од правдата и од народната пресуда нема да се скрие.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК