9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левица: Новиот Закон за рударство предвидува протерување на народот

Соопштение на Левица:

Под изговор на “усогласување со европските директиви“ и “развој на рударството“, власта на ДПМНЕ подготвува закон кој претставува директна закана за животите на македонските граѓани.

Со новиот Закон за рударство освен што е предвидено да се направи пустош на Македонија, тој предвидува и доколку под вашите домови се откријат минерални суровини, државата да има право да ве исели за да обезбеди простор за отворање на рудници.

Ова претставува невидено понижување и потценување на сопствениот народ! Наместо да се заштитат граѓаните, нивните домови и нивното здравје, државата се става во служба на профитот на странските корпорации. Македонија се претвора во рударска колонија, каде интересите на народот се подредуваат под интересите на големите, мултинационалните компании.

Законот е кроен исклучиво во интерес на корпорациите, а не на народот.

Наместо да се стави крај на штетните и опасни рударски проекти, државата го легализира нивното ширење!
Овој Закон не смее да помине!

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК