Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г. Барнабас Биркланд, како и со економскиот советник во Амбасадата, г. Јордан Дамчевски.

Целта на средбата беше меѓусебното запознавање и иницирање на разговори за можни облици на продлабочување и унапредување на економската соработка. Во фокусот на дискусијата беа заеднички иницијативи, инвестициони можности, како и продолжување на економската поддршка и партнерство.

Министерката Божиновска го потенцира значењето од партнерството со САД преку дипломатскиот економски канал и подвлече:

„ Ја цениме континуираната економска поддршка од Амбасадата и сме посветени на зајакнување на соработката која може да донесе конкретни резултати за развојот на македонскиот енергетски и рударски сектор.“

На средбата министерката информираше и за 14-тиот Интернационален форум за енергија за одржлив развој (14-ИФЕСД), којшто во организација на Министерството за енергетика ќе се одржи од 28-30 октомври 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија, каде учество ќе земат релевантни говорници на високо ниво, што ќе ја зголеми значајноста и ефектот од форумот.

Божиновска и Биркланд се согласија дека е важно и во иднина да се развиваат координирани активности, вклучително меѓусебна размена на информации, анализа на потенцијали и поддршка со цел стимулација на економскиот развој на секторот.

Можеби ќе ве интересира

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ДЕСК

СЕ ПОЈАВИ АХМЕТИ, А ОД ДУИ СТИГНА ПОРАКА: Ајде, веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори! ВРЕДИ боледува од синдромот на Газиместан!

ДЕСК

Масовна тепачка во Прилеп

ДЕСК