Денеска (21.08.2025) околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода лице(65) и лице(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал едно лице, биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички, објави МВР.
Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...