21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Загина 19. годишно момче во тешка сообраќајка

На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(19) од с.Велешта, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК