21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува.

Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари.

Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство.

Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.

Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.

Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.

Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата.

Стотици илјади граѓани бројаат денови до следната плата, не знаат дали ќе им стигнат пари за сметки и за храна, родители од месец во месец пресметуваат што да скратат за да преживеат.

Младите наместо да планираат иднина дома, се повеќе сакаат да се иселат од државата.

Куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%, на последно место во Европа сме по куповна моќ, a Македонија е на листата на најсиромашни земји.

Ова се резултатите од промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.

Народот врзвува крај со крај а власта се луксузира со манго, папаја, луксузни патувања со приватни авиони.

Граѓаните заслужуваат подобро од криминална влада која ги остава сами да се борат со сиромаштијата и со енормните сметки.

Потребни се итни мерки за раст на платите, намалување на трошоците за живот и вистинска грижа за стандардот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Можно е гласачкото ливче да биде 7-8 метри

ДЕСК

Кривична пријава за двајца поранешни раководители на АД Пошта за „несовесно работење во службата

ДЕСК

Објавен конкурс за годишна награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци кои придонесуваат во справувањето со дезинформациите во земјата

ДЕСК