Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Возел со 2.31 промили алкохол, полицијата го уапси

Вчера во 21.20 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани лишиле од слобода лице (58) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, кој го управувал лицето и по преземени мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК