Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје и околината: Пронајдени две мртви лица, едниот на 39-годишна возраст другиот на 50 – наредена обдукција

Како што соопшти МВР, вчера во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

МВР информира и дека денес во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија на ул. Јордан Мијалков – Пронајден починат 48 годишен скопјанец, познат идентитетот – наредена обдукција

ДЕСК

Ужас во Скопје -Уапсен маж кој силувал малолетничка

ДЕСК

НАГЛО ЗАКОЧИЛ ВОЗАЧ НА АВТОБУС НА ЈСП: 12 годишно момче тешко повредено

ДЕСК