Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Возел над 100, а дозволено било 50 – заврши во полициска станица

На 19.08.2025 во 19.21 часот во с.Сопотница, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода лице од с.Дебреше, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „ауди” со гостиварски регистарски ознаки во населено место со брзина од 108 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесенаа соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.