Во четврток ќе дува умерен до засилен, а во петок повремено силен јужен ветер. Во сабота ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во недела, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
Прогноза за 21.08.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Прогноза за 22.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 23.08.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северозападните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...