19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Реакција на СДСМ:

Колку ниско е спремно да падне ВМРО-ДПМНЕ во обид по секоја цена да ја одбрани в.д. директорката штитејќи ги криминалните шеми во Еразмус+?

Со оглед на лагите пласирани од партиската говорница одговорот е премногу.

Дури и градоначалникот на Квадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев јавно ја демантираше сопствената партија.

Проектот за којшто зборува ВМРО-ДПМНЕ воопшто не бил за тренирање магариња, туку за практична обука и обука на ученици и наставници во земја членка на ЕУ, за стекнување вештини и поттикнување претприемашки капацитети, меѓу што и производство на сирење.

Во белата палата никако да научат дека не можат да го оттргнат вниманието на јавноста од злоупотребите поврзани со распределба на проекти преку „Еразмус+“ кои водат директно до ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, јасно утврдува основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски пари, во кои се инволвирани повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и уште пет земји-членки на Европската унија.

Дополнително, отворени се сериозни сомнежи околу тоа како биле распределени над 8 милиони евра во периодот 2014–2017 година, токму во време кога Ана Михајлов и нејзината кумашинка биле евалуаторки во Агенцијата.

Неопходно е да се истражат и наводите за улогата на првиот директор Бошко Нелкоски – ментор на актуелната в.д. директорка.

И најважното: во чии џебови завршија милионите евра европски пари?

Јасно е како ден дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад заштитата на овие милионски криминални шеми во Еразмус+.

Затоа, Јавното обвинителство мора да постапи веднаш – сите одговорни за овој скандал да бидат изнесени пред правдата и да понесат соодветна одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

ДЕСК

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК