19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата, преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и спортистите да бележат високи резултати, првенствено, треба да имаат соодветни, современи и модерни услови за нивниот развој.

Спортот не е област каде што резултатите можат да се видат на краток рок, со носење на еднократни ад хок решенија.

Спортот е област која бара системски пристап и добро испланирана стратегија за развој, со сериозни вложувања во инфраструктурата за спортистите да имаат соодветни услови каде ќе тренираат и развиваат.

Во ова насока, Владата во соработка со општините, посветено работи за подобрување на спортската инфраструктура.

За таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од државниот Буџет одвои 720 милиони денари за 36 спортски објекти. Интензивно се работи на завршување на сите проекти коишто во минатото беа отпочнати па заборавени, како што се базените и спортски сали.

Исто така, ќе се интервенира и во сите спортски објекти каде што ќе биде констатирано дека е потребно реконструирање и модернизација на условите.

Преку двата јавни повици што ги објави Министерството за локална самоуправа, одвоени се повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините.

Вкупно 36 спортски објекти се опфатени од првиот и вториот повик за општините, каде вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари.

Пред три недели во употреба се пушти целосно новиот затворен базен во Кисела Вода во рамките на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, а до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви базени.

Исто така, пред неколку дена пуштена во употреба беше новата сала во ОУ „Наум Охридски“ во Булачани, а до крајот на година ќе бидат пуштени во употреба уште три целосно нови спортски сали.Паралелно на изградбата на новата спортска инфраструктура, продолжува реконструирањето на постоечките спортски објекти.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК