19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Редизајн на Националниот еДМС – Од архивирање до целосна дигитална трансформација

Соопштение на министерот Стефан Андоновски, Кабинет на Министерството за дигитална трансформација:

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека започнува процес на целосен редизајн и модернизација на Националниот електронски систем за управување со документи (еДМС), со цел воспоставување на стабилен, безбеден и целосно интегриран систем за граѓаните и институциите.

Затекната состојба:
• Во последните две години системот немаше техничка поддршка ниту развој на системот.
• Не постоеле воспоставени стандарди за сајбер-безбедност.
• Чести прекини и падови на системот ја намалуваа неговата ефикасност.
• Користење ограничено исклучиво за архивирање документи (електронска писарница), без целосна дигитална обработка, во само 20 институции.

Преземени активности:
• Првпат спроведен целосен penetration test за идентификација и отстранување на критичните безбедносни слабости.
• Изработен план за елиминирање на ризиците и техничките пречки.
• Започната подготовка за развој на нови функционалности и рекомпонирање на институциите кои го користат системот.

Планирани мерки и новини:
• Граѓаните да можат во реално време да го следат статусот на своите предмети.
• Целосна електронска обработка на процесите, со автоматизирано создавање документи (решенија, известувања, сертификати) со електронски потпис и печат.
• Интеграција со ERP систем за автоматска размена на податоци.
• Двофакторска автентификација за зголемена сигурност.
• Целосно исклучување на хартијата во работењето на Министерството за дигитална трансформација (како пилот министерство) од 1 октомври.
• Проширување на опфатот со нови институции – министерства, агенции и јавни претпријатија. Во процес на вклучување на 5 нови институции.

Очекувани придобивки:
• За граѓаните: побрза и поефикасна администрација, транспарентност, онлајн пристап и намалена бирократија.
• За институциите: интегрирана платформа, намалување на грешки и оптимизација на ресурси.
• За државата: усогласеност со европските стандарди и создавање на темел за вистинска дигитална трансформација.

„еДМС е темелот – ‘водоводот’ на дигиталната администрација. Нашата цел е да обезбедиме систем кој конечно ќе работи за граѓаните и институциите, со приоритет на безбедноста, довербата и корисноста,“ изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Можеби ќе ве интересира

Страотна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобил здробен при судир со камион, има тешко повредени

ДЕСК

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА БЛИЗУ РЕСЕН: Двајца загинаа, има повредени – МВР соопшти целосна информација

ДЕСК

Среде бел ден во Скопје ограбена филијала за брзи кредити, непознато лице ги собрало парите

ДЕСК