Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 16.08.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Сончево и топло со умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Прогноза за 17.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 18.08.2025
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...