Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Паркот на новинарите го вративме на жителите, целосно уреден, искосен и без отпад

По вчерашната акција на Општина Центар, денеска продолжија активностите за целосно чистење и уредување на просторот кај Паркот на новинарите, спроти зградата на „Нова Македонија“.

Службите на Општината изутринава ја искосија тревата, го собраа расфрланиот отпад и го средија целиот јавен простор кој во изминатиот период беше узурпиран и претворен во небезбедна зона за граѓаните.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека секој јавен простор во Општина Центар мора да биде достапен, безбеден и чист.

„Жителите пријавија нарушување на јавниот ред и ние веднаш реагиравме. Со теренска акција ја вративме безбедноста, хигиената и функцијата на паркот кадешто секојдневно се собираат деца и родители. Поставување шатори, физички пресметки и слични инциденти се апсолутно неприфатливи. Ќе постапуваме за секое нарушување и нема да дозволиме јавниот простор да биде злоупотребуван“, порача Герасимовски.

Акцијата беше спроведена врз основа на теренска проценка и по добиени пријави од жителите на Центар. Општина Центар останува посветена на зачувување на јавниот интерес и безбедноста на своите граѓани.

Со почит,
Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК

Фрчат казни во тетовскиот регион: 25 возила подигнати со пајак, напишани и над 40 други казни

ДЕСК