2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и до Прага, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Утрово, потпишавме договор за 5 нови дестинации, кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолета, кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, од декември Келн – Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага – Скопје. Ова се пет нови авиолинии, кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Тој додаде дека за една година се отворени 16 нови авиолинии.

„Со 11 нови линии, што веќе ги отворивме, и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии, кои ги отворивме за една година. И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и од охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници, што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % за охридскиот аеродром“, рече Николоски и најави дека во следниот период ќе има уште нови авиолинии./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Утре изолирана појава на пороен дожд и грмежи, понеделник невреме низ речиси цела Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК