2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Индустриското производство во јуни 2025 година е зголемено за само 0.5 % во однос на јуни 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 29.3 %, информира Државниот Завод за Статистика.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
– Производство на прехранбени производи,
– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на хартија и производи од хартија,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.6 %, Капитални производи за 2.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на периодот јануари – јуни 2024 година, е зголемено за 2.8 %.

Главни поенти
Најголемо влијание во порастот на индустриското производство во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, имаат одделите:

Производство на прехранбени производи со 9.8 %
Производство на електрична опрема со 16.1 %
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7.0 %

Можеби ќе ве интересира

Муцунски: Финализираме договор со САД што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери

C +

Мицкоски: Им благодарам на САД што ја коригираа тарифата од 33 на 15 проценти, оптимист сум дека ќе одиме уште подолу

C +

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК