Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Страотна сообраќајка кај Струмица: Петмина се повредени, меѓу кои и петгодишно дете – ова се првите детали

На 30.07.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди со здобиле возачот З.А. и сопатниците од патничкото возило „цитроен“ Ш.А.(75) и Д.А.(72), двајцата од село Петралинци, а со телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и петгодишно дете, сопатник од патничкото возило „форд“, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Повторно грабеж на градските гробишта во Бутел

ДЕСК

Малолетничка пресметка во Скопје – Повеќемина нападнале малолетник

ДЕСК

Трагедија на ул. Јордан Мијалков – Пронајден починат 48 годишен скопјанец, познат идентитетот – наредена обдукција

ДЕСК