1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Укинувањето на Регионалните центри за гранични работи може да донесе безбедносен ризик

Владата до Собранието ги достави измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи.

Согласно една од измените во Законот за полиција, се укинуваат Регионалните центри за гранични работи и полициските станици за гранични работи и истите ќе се припојуваат кон надлежниот Сектор за внатрешни работи.

Ова во суштина може да значи сериозно намалена контрола на границите, имајќи предвид дека за контролата е задолжена токму МВР преку граничната полиција.

Претопувањето на вработените во центрите и станиците за гранични работи во месното СВР ќе доведе до хаос во функционирањето, велат полициски извори.

Според изворите, неразбирливо е зошто се прави сето тоа, кога граничната полиција со години имала добри резултати препознаени како од раководството на МВР, така и од меѓународните партнери.

Оваа полициска единица во фокусот на јавноста се појави по мигрантската криза во 2015 година кога на јужната граница со месеци имаше навалица од мигранти од африканските држави, а сето тоа резултираше со воспоставување на единици од ФРОНТЕКС на македонската јужна граница.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК