1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин Табановце.

Тие им се приклучија на македонските и на чешките тимови во борбата против шумските пожари што беснеат во земјата.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати.

Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и во Кавадаречко. Во Прилепско интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот и на тој дел не се интервенира, соопшти утрово ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК