1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-БИЗНИС

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

УЈП соопшти дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со ДДВ.

Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници.

Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници.

„Непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок. Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се повикуваат итно да постапат согласно законските прописи. Даночната дисциплина не е избор, туку законска обврска и одговорност на секој граѓанин и компанија — темел за функционална држава.“, изјави Директорката на Управата за јавни приходи, м – р Елена Петрова.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска до Тошковски: Кој од власта ќе одговара што изгоре 20% од територијата на земјата во пожари?

ДЕСК

Мицкоски: Потенцијалните когенеративни централи на гас драматично ќе го подобрат квалитетот на воздухот, а од ветерниот парк интерес за купување на струја пројавил голем светски бренд

ДЕСК

Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

ДЕСК