Откако се утврди репрезентативноста на Сојузот на Синдикатите на Македонија, денеска на седница на Економско-социјалниот совет ќе биде побарано минималната плата да порасне на 500 евра.
Денес е добра можност Владата да покаже дека се грижи за работниците, а пратениците пред распишување на локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра, ако не …, напиша на социјалните мрежи, Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.
На вчерашната прес-конференција, во пресрет на седницата на Економско-социјалниот совет Трендафилов апелираше до пратениците од владејачкото мнозинство да смогнат сили и во наредните три дена, по брза постапка да изгласаат вонредно зголемување на минималната плата, оти таквата можност ќе згасне откако Собранието ќе ги изгласа локалните избори.
ССМ ги повика другите синдикати јавно да се изјаснат чија страна ќе ја бранат – дали онаа на Владата, која тврди дека платите се доволни или на работниците, кои едвај врзуваат крај со крај.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...