Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Последен повик од УЈП до над 11.000 компании: Направете го ОВА што е можно побрзо

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ).

Според последните податоци:

Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници.
Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници.
Директорката на Управата за јавни приходи, м – р Елена Петрова, упатува јасна порака:

„Непочитувањето на законскиот рок е сериозен прекршок. Сите обврзници кои не поднеле ДДВ-пријава и/или не го платиле ДДВ-долгот се повикуваат итно да постапат согласно законските прописи. Даночната дисциплина не е избор, туку законска обврска и одговорност на секој граѓанин и компанија — темел за функционална држава.“

Управата за јавни приходи веќе достави персонализирани известувања до сите ДДВ-обврзници кои имаат пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.

Преку координирано постапување и интензивна комуникација со даночните обврзници и со сметководителите, се спроведува целосен сет активности и мерки — со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата.

За секој ден на задоцнување, се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно.

Со цел навремено информирање и исполнување на обврските, како и обезбедување солидна даночна историја, УЈП останува во постојана комуникација со сите релевантни страни.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за пензионерите: Оваа наша банка веќе ги исплати пензиите ПРЕДВРЕМЕ! Важни се луѓето!

ДЕСК

Загрижувачки податоци: Над 11 илјади ДДВ обврзници или не поднеле ДДВ пријави или не го платиле данокот кон државата

ДЕСК

Уште три дена шанса за МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА! – Еве зошто од следната недела власта нема да има можност да го корегира минималецот речиси до крајот на годинава

ДЕСК