8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако имате пиштол со дозвола и ви треба муниција веќе не треба да барате одобрение, туку директно може да ја купите од правните лица – МВР со нови олеснувања за луѓето кои поседуваат оружје

Министерството за внатрешни работи реализираше уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје, соопшти МВР.

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.

„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растеретуваме сообраќајот во населбата

ДЕСК

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност? – прашаа од СДСМ

ДЕСК

Спроведени инспекциски контрoли во училишните и кујните во градинките

ДЕСК