Centar.mk
фото Pixabay
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Подгответе се за невреме во делови од Македонија – УХМР со нови најави

Денес претпладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток.

Во Скопје, во претпладневните часови ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

error: Соддржината е заштитена.