12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, лишено од слобода едно лице

На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода лице (36) од Кочани.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Неколку повредени во тешка сообраќајка на патот Демир Капија – Неготино

ДЕСК

Трагедија на македонските патишта: Во тешка сообраќајка загина младо момче

ДЕСК

Голема ноќна полициска акција на повеќе локации низ Скопје – 12 лица паднаа во раце на полицијата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.