Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на затворен базен во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Кисела Вода

Како што соопшти Владата денеска во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечено отворање на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени (другите четири се во: општина Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип), кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%.

По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од 6 месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото. Цената на чинење на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари, информираат од владината прес служба.

Можеби ќе ве интересира

Меџити ги отвори вратите во Владата за политичари од опозицијата

ДЕСК

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

ДЕСК