Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија во пламен и чад, стихијата не стивнува: 51 пожар за едно деноноќие, 8 сè уште активни

Во текот на изминатото деноноќие, на 27 и 28 јули 2025 година, на територијата на Република Северна Македонија биле регистрирани дури 51 пожар на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од вкупниот број пожари, осум сè уште се активни, седум се ставени под контрола, додека 36 се целосно изгаснати.

Меѓу активните пожари, најголем дел се регистрирани во шумски и планински подрачја, вклучително и во Василево, Радовиш и Берово, каде што гори подрачјето кај с. Нивичино, на Голем Готен и Малешевските Планини. Во регионот на Прилеп и Новаци, пожарот се шири од с. Бешиште кон граничната линија со Грција. Сериозна состојба е и на потегот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Дрен и Галиште, каде што е зафатена мешана шума и ниска вегетација.

Активни се и пожари кај Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод, како и во подрачјето меѓу Церово и Групчин (општина Желино), каде што гори деградирана нискостеблеста шума. Во Крива Паланка пожар беснее во високата борова шума кај с. Нерав, а слична ситуација има и кај с. Горно Црско во општина Кичево и во с. Ќосевица, Македонска Каменица.

ЦУК информира и дека седум пожари се ставени под контрола. Се работи за пожарите во регионот Старо Нагоричане, Куманово и Кратово, каде огнот се проширил меѓу неколку села со ниска вегетација. Контрола е воспоставена и во с. Средно и Долно Коњаре и Катланово (општина Петровец), како и во Грешница и Латово (Македонски Брод), каде што горела мешана шума и сува трева. Исто така, стабилизирана е состојбата меѓу селата Драгоево и Селце (Штип), како и во с. Јунузлија (Карбинци).

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка кај Гарани – има загинат

ДЕСК

Му се заканувале на пратеник преку апликација на социјална мрежа – полицијата напиша кривични

ДЕСК

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

ДЕСК