Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Гори на 17 локации низ Македонија – пожарите не стивнуваат

Состојба со пожарите на отворен простор – 26/27.07.2025
Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор:
• 12 се активни,
• 5 се ставени под контрола,
• 16 се целосно изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ (12):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, со проширување кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума);
3. Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен и проширување кон с. Галиште (опш. Кавадарци); делот помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Општина Петровец – с. Средно Коњаре кај р. Пчиња (мешана шума);
7. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
8. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);
9. Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце и с. Јачинце (ниска вегетација);
10. Општина Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација);
11. Општина Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација);
12. Општина Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (5):
1. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Општина Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
3. Општина Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева);
4. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
5. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

Можеби ќе ве интересира

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

ДЕСК

Скопје како Бејрут: Скопјанец среде Карпош претепан од повеќемина, а потоа му го демолирале и возилото

ДЕСК

Пронајден починат маж од Неготино – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК