7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Насилна пресметка во Струмица: лице со секира во улична тепачка (ВИДЕО)

Сцена на физичка пресметка меѓу двајца мажи, од кои едниот во рака држи секира, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако видеото беше споделено од случајни очевидци.

Според непотврдени информации, инцидентот се случил доцна синоќа во централното градско подрачје на Струмица. Снимката, објавена на Фејсбук-страница, прикажува како првично вербален конфликт брзо прераснува во физичка пресметка на улица, со турканици и отворено насилство.

На видеото се гледа како едно од лицата замавнува со секира кон противникот, кој возвраќа со физички удари. Во конфликтот се вклучува и жена која се обидува да ги раздели, но ситуацијата продолжува да се влошува. По кратко време, граѓаните кои го снимаат настанот одлучуваат да се повлечат, загрижени за сопствената безбедност.

Нема информации дали во инцидентот е интервенирано од страна на полицијата, ниту дали некој е повреден. Се очекува институциите да излезат со официјални детали во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

Атанасов: Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните

ДЕСК

Филипче од Гевгелија: Ова не се обични избори, ова е борба за достоинството и иднината на нашиот дом, Македонија!

ДЕСК

Филипче од Гевгелија: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе немаштија и безнадежност!

ДЕСК