Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ изгоре 20% од територијата на државата

Соопштение на СДСМ:

Цела Македонија повторно гори. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во пожари изгоре 20% од вкупната површина на шуми и пасишта.

Тоа не е патриотизам тоа е предавство на сопствената држава. Кај оваа влада е одговорноста, потфрли во заштитата на имотот, природата, граѓаните.

Од изминатата седмица, активни се над 100 пожари на територијата на цела држава. Гори во Берово, Радовиш, Василево. Веќе втора недела гори и Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка, Зелениково, Карбинци, Куманово, Липково, Гостивар, Желино, Старо Нагоричане…

Наместо координирана интервенција и силно делување за гасење на огнената стихија гледаме тотална незаинтересираност и неорганизираност од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат во огнот.

Општина Берово во изминатите денови е исто така оставена сама на себе, додека пожарот беснее на планината Готен. Само неколку пожарникари храбро се борат со огнената стихија, длабоко во планината, без никаква реална поддршка од државата. Ова е срамно и недозволиво.

Секој ден се најавува помош, но помош досега никако да пристигне. Општината беше приморана да повика на мобилизација на локалното население и да побара помош од соседните општини за да спречи огнот да дојде до населените места како Владимирово и Русиново.

Минатата година, Христијан Мицкоски ветуваше ревизија и модернизација на системот за заштита од пожари. Денес гледаме целосна деградација на тој систем.

Наместо нови противпожарни возила – се купуваат службени мобилни телефони за 7 милиони евра.

Наместо авиони за гасење пожар и пилоти – владата расфрла пари на приватни летови, луксузни хотели, скапа морска храна, папаја и манго.

Наместо вработување пожарникари – се составуваат партиски списоци за вработувања во институциите.

Не е патриотизам да оставиш имоти, шуми, пасишта да изгорат. Тоа е предавство.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК