Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Откако, за седум години власт, СДС го уништи енергетскиот сектор, сега се против стратешките инвестиции во енергетиката

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС фатени во тесно како му слугуваат на бугарските интереси на штета на националните интереси, бара тема за дефокус на јавноста.

СДС наместо да измислува лаги и манипулации треба да објасни пред македонската јавност и на нивните членови и симпатизери, и како политички одработува за ДУИ да ја донесе на власт и да ја спаси политичката кариера на Ахмети.

СДС, кои сакаат да искреираат хаос во јавното мислење, до само пред година дена кога беа на власт, преговараа со истата оваа компанија, за која сега обвинува, за истата инвестиција.

Сега, откако нивните преговори не успеаја, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ почна со реализација, не им чини.

Откако за седум години власт СДС го уништи енергетскиот сектор, а нивниот Васко Ковачевски е во бегство за милионски криминал во ЕСМ, сега се против стратешките инвестиции во енергетиката.

Кој знае, можеби СДС се против стратешки инвестиции во енергетиката, па сакаат само нивните како синот и братот на Заев, братот на Венко Филипче, сопругата на Ковачевски да го држат пазарот со производството на електрична енергија и да прават милиони.

Инвестицијата на Казанџи Холдинг претставува реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра, и истиот има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.

Со ваков вид инвестиции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го обезбедува енергетски суверенитет и истите ќе имаат долгорочно влијание врз развојот на енергетскиот систем на државата.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на привлекување на странски директни инвестиции кои ќе ја зголемуваат енергетската независност, развиваат државата и економијата, ќе ја зголемуваат вработеноста со високо платени работни места и ќе го подобруваат квалитетот на живот и животниот стандард сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК