Денес ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C.
Под влијание на топол бран денес ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C
– Полошкиот регион од 32 до 38°C
– Пелагонија 38 до 40°C
– Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 43°C
Утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...