Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C.
Под влијание на топол бран утре ќе се задржи сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал:
– Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C
– Полошкиот регион од 32 до 38°C
– Пелагонија 38 до 40°C
– Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 43°C
Во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
Прогноза за 27.07.2025
Минимална температура: 14°Cдо 22°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец.
Прогноза за 28.07.2025
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 29.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...