Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Двајца моторџии и еден десетгодишен возач на тротинет повредени во различни несреќи, сите завршија по болници

На 24.07.2025 во 04.30 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, лице(21) од Делчево, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

На 24.07.2025 во 23.40 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, лице(24) од с.Форино, гостиварско, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

На 24.07.2025 во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК