Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР излезе со детали за исчезнувањето на 16-годишното девојче во водите на Вардар – Во акцијата за спасување се вклучени единици на Тигрите, Волците, ДЗС, Противпожарни екипи и кајакари

На 24.07.2025 околу 16.30 часот во СВР Велес е пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката.

К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнаа потрага за пронаоѓање на девојчето.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.