Centar.mk
copyright J.S.
МАКЕДОНИЈА

„Лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ оштетуваат речиси илјади пензионери“, велат од НСДП

„ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите ги манипулира пензионерите за изборни цели и оштетува околу 320 илјади пензионери. Со законските измени предложени од Владата, а кои ги изгласа Собранието пензионерите ќе добијат пониски пензии од она што би требало да биде реален пораст на пензиите во септември“, велат од НСДП.

„За НСДП единствен правилен, праведен и законски начин на пресметување на пензиите е покачувањето на пензиите согласно формулата: 50% индекс на раст на платите, 50% индекс на пораст на трошоците за живот.

Пензионерите со најниски пензии со формулата 50/50 би добиле исто покачување на пензиите како и со линеарното со кое владејачките партии ги лажат и манипулираат, а сите пензионери со повисоки пензии се оштетени за дополнителни од 100 до 3500 денари, кои би ги добиле со септемвриското усогласување на пензиите.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги нема за приоритет пензионерите, работниците и граѓаните кои што чесно заработуваат од својот труд, па заради тоа се служат со манипулации при пресметката на пензиите, затоа економско-социјалниот совет е блокиран и сеуште нема утврдена минимална потрошувачка кошничка, растот на платите е сопрен, а граѓаните секој ден живеат се потешко и едвај преживуваат од први до први.

Редно време е власта да намали со луксузирањето, да намали на трошоците за пропаганда и искривување на реалноста во која живееме, да намали на бесполезните прошетки во странство, на пензионерите и граѓаните им требаат реални мерки за поддршка од скапотијата и високите цени“, се наведува во соопштението на НСДП./Извор:Makfax

НАЈЧИТАНО СЕГА...

Можеби ќе ве интересира

Вонредни најави: Серија влажни бранови ја зафатија Македонија, некаде ќе има и обилни поројни дождови

ДЕСК

Во брза помош донесен повреден млад маж – познато е како се здобил со повредите

ДЕСК

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.