Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Newsmax Balkans отвора студио во Скопје

По проширувањето на дописничката мрежа во регионот и отворањето на студија во Сараево и Подгорица, Newsmax Balkans од понеделник, 28 јули, започнува со работа и во Скопје, со ново дописничко студио во главниот град на земјата.

Во изминатите недели, гледачите имаа можност преку директни вклучувања на репортери од македонските градови да се информираат за актуелните случувања во земјата. Отворањето на студиото во Скопје ќе ја зајакне локалната покриеност и ќе овозможи подлабоко известување за темите што ги засегаат македонските граѓани.

Новото студио ќе се приклучи кон продукцијата на регионалната емисија „Ставот на регионот“, која ќе ги опфаќа најважните политички, економски и социјални прашања во земјата и регионот. Уредник и водител на емисијата „Ставот на регионот“ од студиото во Скопје ќе биде Предраг Кукиќ.

Емисијата ќе се емитува во работни денови од 19:30 часот и ќе се менува со регионалната емисија „Ставот на регионот: Подгорица“, која ја реализира тимот на Newsmax Balkans од Црна Гора.

Newsmax Balkans продолжува да ја проширува својата дописничка мрежа со цел да обезбеди навремени и квалитетни информации од целиот Балкан.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК