Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера оствари средба со претставници на американската невладина тинк- тенк организација „Data Foundation“, предводени од нејзиниот претседател Џејсон Барнет.
Претставувајќи ја Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци, гостите ја информираа за глобалната иницијатива за поддршка на малите и средни претпријатија на Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема соработка во оваа област. Според нив, преку интероперабилната платформа на податоци, истите ќе можат да следат и споделуваат податоци за потрошувачката на енергија, водата, емисиите на јаглерод, согласно европските регулативи.
Тие ја информираа дека потпишале Меморандум за соработка со Владата преку Министерството за енергетика, посочувајќи дека проектот е директно поврзан со исполнување на обврските од поглавјето „Животна средина и климатски промени“.
Претседателката ја поддржа иницијативата и изрази став дека регионалниот пристап и соработка овозможуваат подобри резултати во заштита на животната средина.
На вчера присуствуваа и претставници на македонскиот бизнис сектор, локални координатори во Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци и универзитетскиот професор Илија Руменов, водечки правен експерт во Алијансата.