Соопштение ан Општина Крива Паланка:
ИТЕН АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ!
ПОЖАРОТ СЕ ШИРИ – ПОТРЕБНА Е НЕПОСРЕДНА ПОМОШ!
Ситуацијата е критична – пожарот излегува од контрола и се шири со огромна брзина во неколку правци! Станува збор за закана од големи размери – на удар се домови, шуми и животи!
Не е време за чекање или размислување – апелирам до сите граѓани што се во можност: ИЗЛЕЗЕТЕ И ПОМОГНЕТЕ!
Секоја рака помага! Секоја канта, секој човек, секој обид е од огромно значење!
Да покажеме дека сме заедница што се грижи, реагира и делува кога е најтешко!
Споделете, организирајте се, известете ги сите што можете – времето е клучно!
Благодарност до сите што веќе се на терен – не сте сами!