На 08.07.2025 во 16.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишиле од слобода лице(29) од Радовиш.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.