Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ МАЛКУ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална 4 дневна прогноза

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Денес во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 08.07.2025
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 41°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 09.07.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Променливо облачно и малку посвежо со умерен до засилен ветер од северен правец. Претежно во северните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 10.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК