Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје

На 03.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Почина Агим Јонуз – аналитичар и интелектуалец

ДЕСК

(ФОТОГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) Срце ќе ви се скрши, душа ќе ви заплаче: Катастрофално повлекување на Преспанското езеро – Ќе се оди ли пеш до островот “Голем град”?

ДЕСК

Мистерија: Додека копал со багер во кругот на Студентскиот дом “Стив Наумов” пронашол коски кои наликувале на човечки – јавен обвинител даде насоки за вештачење

ДЕСК