6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МНР: Конзулатот во Солун е во комуникација со семејството на починатото момче за транспорт на телото

Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи и трговија, по веста за смртта на 19-годишното момче на плажа во Ханиоти.

„Ве информираме дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија“, соопшти МВР./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Исчезна 12 годишно девојче од Скопје – Полицијата во потрага

ДЕСК

Невообичаена ситуација: Млад маж со пиштол и нож им се заканувал на полицајци, веднаш е уапсен

ДЕСК

Трагедија: Во тешка сообраќајка загина младо момче

ДЕСК